Мила Рељиќ имаше добар настап на „Шведска опен“, демонстрира добра форма пред ЕП

Викендов Мила Рељиќ имаше уште еден одличен настап на Меѓународниот Г2 турнир „Шведска опен“

Мила во категоријата до 62 килограми во сениорска конкуренција извојува победа над Викторија Фалке од Австрија, а следното коло во изедначена борба ја победи и Таниа Сух (Кореа). Во четвртфиналето, во борбата за медал, е поразена од актуелната европска шампионка Бруна Вулетиќ (Хрватска).

Сепак, Мила заврши на високата 5-та позиција од 29 натпреварувачки во нејзината категорија.

На турнирот настапија повеќе од 1000 натпреварувачи од над 70 земји.

Следен натпревар на Мила Рељиќ е Европското првенство во Манчестер од 19-22 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО