Фабрицио Вердум сака повторно да го гледа Џон Џонс

Во последно време многу се зборува за потенцијален меч меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс.

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија сè уште го чека својот прв настап во тешка категорија, а се погласно се шепоти за тоа како би можел да дебитира против пожарникарот од Кливленд.

Бразилецот Фабрицио Вердум се надева на претстојното деби на Боунс во тешка категорија.

„Добро ќе се снајде меѓу тешкашите. Цело време тренира со нив и тоа ќе му користи многу. Кога се борев со Густафсон, тој беше потежок од мене. Тие се паметни, одат во полутешка категорија за да бидат посилни“, изјави Фабрицио Вердум и додаде:

„Џонс сигурно има заработено многу досега и сигурен сум дека добро инвестираше, не му е грижа за тоа“.

Бразилецот додаде дека Џонс секогаш имал околу 108 килограми додека се борел во полутешка категорија и неговата тежина никогаш не била проблем.

„Луѓето сакаат да го видат Џонс како се бори. Мислам дека сега има 115 килограми и навистина ме интересира како ќе се чувствува на таа тежина – изјави Фабрицио Вердум и заклучи:

„Ми изгледа посилно, но прашање е дали ќе биде доволно мобилен. Сакам повторно да го гледам Џон Џонс како се бори“.

Актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се опоравува од операцијата на коленото и ќе има малку подолга пауза.

Шефот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна откри дека би можело да се договори борба меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс за летото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО