Металац/Лазаревац го совлада ослабениот Пинк Пантер (ФОТО)

Екипата на Металац/Лазаревац вечерва го совлада Пинк Пантер 14 – 2 во 6.коло на Регионалната бокс лига.

Епилогот беше извесен и пред борбата поради составот кој зависеше од матурантите.

За нашата екипа победа извојува само Гоце Јанески против првакот на Србија Алекса Марковиќ. Гоце е со биланс 5-1 во Регионалната лига и еден од најдобрите боксери. Ташков и Доциќ харбро се носеа со своите противници, додека останатите боксери ги предадоа борбите во првата рунда, а Никола Арсов издржа до втората.

Како и да е од септември Пинк Пантер ќе влезе поискусен и посилен.

Металац/ЛазаревацПинк Пантер 12 – 2
-56 Душан Јањиќ – Јасин Мифтар 3-0 (ТКО, Р1)
-60 Синиша Бериша – Фердијан Јашаров 3-0 (ТКО, Р1)
-64 Лазар Станојевиќ – Мухамед Кадриев 3-0 (ТКО, Р1)
-69 Никола Жвановиќ без борба 3-0
-75 Алекса Марковиќ – Гоце Јанески 1-2
-81 Геард Ајетовиќ – Никола Арсов 3-0 (ТКО, Р2)
-91 Милан Стевовиќ – Марко Доциќ 3-0
+ 91 Милуитин Станковиќ – Димитар Ташков 3-0

6.коло
Металац/Лазаревац – Пинк Пантер 14 – 2
Лозница – Радник 16-0 (службено)
Славија – Спартак одложено за 8/2017
Сесвете беше слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО