Мет Митрион: Ќе го нокаутирам Федор

Мет Митрион (САД) се закани дека стави крај на кариерата на легендарниот ММА борец Федор Емилијаненко (Русија). Тие ќе се борат на 18 февруари во Сан Хозе (САД). Натпреварот е под капата на Белатор.

„За мене нема поголем борба. Уште откако потпишав со Белатор, реков дека сакам да сретнам со Федор. Во тоа време не беше можно да се бориме. Тој се борел со најдобрите и ги победувал. И двајцата имаме атрактивни стилови. Кога навивачите ќе ги вклучат телевизорите на 18 февруари, а тие ќе го сторат тоа, бидејќи Федор е легенда, ќе видат како го нокаутирам“, рече Митрион.

https://youtu.be/w1Sl2oWtMHw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО