Менаџерот на Ломаченко: Пакијао е стар, нема смисла да се бориме со него

Егис Климас, менаџерот на шампионот Всили Ломаченко, ги демантира гласините дека се подготвува средба меѓу Мани Пакијао (59-7-1, 38KO) и двократниот олимписки златен медалист.

Реално, Боб Арум од Топ ранк пред време зборуваше за таква средба, но Пакијао и Ломаченко (10-1, 8KO) не успеаја да се разберат околу килограмите, однонсо категоирјата во која би се бореле.

Според Климaс, нема разговори, а нема смисла да се сретнат со 39-годишниот Пакијао.

„Не, нема да се бориме со Пакијао. Предизвикува боксер кој е три категории подолу и е луд“.

„Тој веќе е стар и Ломаченко нема да добие ништо ако го победи. Сите ќе повторуваат дека победил некој старец, кој, дури, не се бореше во својата категорија. Да не зборуваме дека во пракса само што не се пензионирал, а ние сакаме да се бориме против активни шампиони и да доминираме во категории“.

Климас, исто така, ги доведе во прашање намерите на Пакијао и зошто не ги предизвика боксерите кои се најблиску до неговата тежина.

„Си имаме свои планови, свој пат. Имаме шампиони, против кои ќе се бориме. На приме, зошто Пакијао не го предизвика Теренс Крафорд? Или Мики Гарсија?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО