Мек Грегор во филм со Вин Дизел

conor mc gregor pojase stherlin

УФЦ шампионот Конор Мек Грегор (27 г.) ќе се најде во новиот филм на Вин Дизел.

Како што наведуваат американските медиуми, на Ирецот ќе му биде понудена улога во продолжението на филмот „ХХХ“, каде главната улога ја има големата холивудска ѕвезда, Вин Дизел.
20151212RC0191

Се уште официјално не е потврдено учеството на Мек Грегор во филмот, но тој е еден од главните „фаци“, кои креаторите на овој филм сакаат да го ангажираат.

 

Исто така и познатиот актер Марк Валберг најави соработка со Мекгрегор, истакнувајќи дека има вистинска улога за него.

Ирскиот борец во саботата за 13 секунди го нокаутира Хозе Алдо и стана УФЦ шампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО