Арлинд Хусеини: Судиите и ги земаа златните медали на екипата У-21и Мартин Стојменов! (ФОТО)

Reprezentacija borbi na BP Dubrovnik

Македонските каратисти на завршеното Балканско првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 освои 23 медали (3 златни, 11 сребрени и 9 бронзени), при што јуниорите до 21 година партиципираа со 6 медали (1-3-2).

Azis sampionski krenati race

Го прашавме тренерот на репрезентацијата до У-21 година, Арлин Хусеини, дали можевме повеќе, со оглед на финалните борби, и дали е задоволен од постигнатиот успех.

„Морам да кажам дека Македонија последниве години котира високо во однос на освоените медали. За жал, овој пат не можевме да одбраниме две најзначајни титули во екипниот дел, иако стигнавме во финалето. Не можеше да застанеме највисоко на пиедесталот затоа што требаше да се бориме со судиите, бидејќи во финалето се сретнавме со домаќинот“, вели Хусеини, кој нагласува дека репрезентативците дадле многу,  иако можело уште повеќе, затоа што сме имале квалитет.

Martin Stojmenov so peharot vo dubrovnik

„Како тренер на репрезентацијата во У-21 имав три финалиња , од кои едното ни го земаа од рака, бидејќи домаќините не оштетија кај Мартин Стојменов, но затоа во другото финале, против претставникот на Косово, квалитетниот Азис Исмаил (-75 кг) заслужено победи. Им честитам на репрезентативците, без разлика дали освоија медал или не, иако, како што реков, можевме многу подобро“, констатира Хусеини.

Ова натпреварување беше последната проверка пред Европксото првенство во февруари во Лимасол, Кипар. Тренерот на репрезентацијата деновиве ќе го соопшти конечниот список на патници за ЕП.

karate rep u-21 borbi BP Dubrovnik

Освојувачи на  медали

Јуниорите до 21 година во борби во финалето са поразени од Хрватска со 4-0, а беа подобри од Србија во полуфиналето. Нашата репрезентација настапи со: Исмаил, Ќосовиќ, Стојменов, Илевски, Крстевски, Мехмед и Заборски).

Азиз Исмаил (-75 кг, У-21) е балкански шампион, кој во финалето го совлада Блодин Пакаштица (Косово) со 1-0. На патот до финалето Исмаил ги совлада Един Краја (Црна Гора) 3-0, Ахмет Ујгур Сабир (Турција) 1-0, Филип Кнежевиќ (Србија) 4-0 и во полуфиналето Алексанадар Тинтор (Србија) 3-0.

Мартин Стојменов (-60 кг, У-21) во финалето се сретна со Боран Берак (Хрватска), при што беше поразен со судиско изјаснување 3-2, откако борбата заврши 0-0. Стојменов старуваше фуриозно совладувајќи го Дино Мујановиќ (Србија) со 5-0, па Босанецот Харис Полјо 2-0 и во македонското полуфинале со Давид Петков борбата заврши нерешено 0-0, а победата ја доби на изјаснување. За жал, Петков во борбата за третото место загуби 2-0 од Полјо.

Виктор Крстевски (-84 кг, У-21) го освои бронзениот медал совладувајќи репрезентативниот другар Орхан Билјали. До полуфиналето Крстевски беше подобар од Адријан Аличкај (Бугарија) 6-2, Карло Рагуз (Хрватска) 2-1, Богдан Обрадовиќ (Србија) 4-0, а полуфиналето со Александар Ѓорѓевиќ (Србија) заврши нерешено 1-1, но со одлука на судиите во финалето се пласира српскиот репрезентативец.

Семир Ќосовиќ (+84 кг, У-21) во финалето е поразен со 4-1 од  Арпаслан Јаманоглу (Турција), така што мораше да се задоволи со сребрениот медал. Ќосовиќ стигна до финалето со победите над: Ахмед Зукиќ (БиХ) 1-0, Марко Кралјевиќ (Хрватска) 4-3 и Богдан Трикос (Србија) 3-0.

Бојана Манева (-61 кг) е трета во У-21. Таа ја совлада Тина Шетегел (Словенија) 2-1, потоа загуби од Јована Перковиќ (Србија) со 1-0, но во репасажот беше подобра од Петра Зиц (Хрватска) 0-0 -на изјаснување и од Умај Токчан од Турција 4-1.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО