Ковалев и Паскал се оболижија на 50.000 долари на нокаут

Sergey-Kovalev-vs-Jean-Pascalmike-greenhill

Сергеј Ковалев и Жан Паскал на 30 јануари во Монтреал ќе се сретнат по втор пат.

Во првата пресметка во март годинава Рускинот победи со нокаут во осмата рунда, а големи пари се во прашање за тоа да се случи овој пат.

На прес-конференцијата, поранешниот ВБЦ шампион во тешка категорија Паскал изрази уверување дека тој е во состојба да му се одмазди. Ако не го направи тоа, барем да пружи уште посилен отпор и има намера тоа да го поткрепи со пари.

„Ковалев рекче, мислам на прес- конференцијата, дека овој пат борбата ќе ја заврши порано за разлика од првиот пат. Тој вели дека ќе ме нокаутирам пред осмата рунда, па би сакал да го предизвикам Ковалев, ако може да ме нокаутира пред осмата рунда, да направиме оболг, да речеме на 50 илјади долари за хуманитарни цели. Ако не ме нокаутира до 8-та рунда ќе уплати 50.000 долари на мојата фондација, а ако ме нокаутира јас ќе уплатам 50 илјади долари. Тоа е добар предизвик. Сака да зборува, па треба тоа да го поткрепи со пари. Ако не може да нокаутира пред 8-та рунда, 50.000 ќе бидат потрошени за добри работи од негова страна, а ако тоа не успее за тие ќе отидат во мојата фондација“, рече канадско-хаитскиот боксер, чиј потег може да се сфати како облог на рундата во која ќе биде нокаутиран.

„Ако му е многу 50.000, ќе намалам на 25.000 долари. Јас не сум тој што премногу зборува, ти си. Не ми требаат неговите пари. Веќе имам повеќе од него“, додаде тој.

Паскал е исклучително популарен во Монтреал и во последната борба со Ковалев заработи помалку од 3, а Русинот повеќе од 3.000.000 долари.

 ВБО, ИБФ и ВБА (супер) шампион Ковалев го прифати облогот преку Твитер: „Великодушен си, понудата е прифатена. Тренирај јако – ќе ти треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО