Рој Џонс Јун.: Најважно е сите да сме живи здрави

Roj Dzons raskrvaven

Поранешниот светски шампион, Рој Џонс Јуниор, на официјалната страница на една од социјалните мрежи го коментираше поразот од Енцо Макаринели.

„Тој беше во одлична форма. Сакав вечерва да и подарам победа на моите руски сограѓани. Сепак, се не се добива на начинот на кој што сакаме ние. Но, најважно е сите да сме живи и здрави. Благодарам на сите за поддршката“.

Ве потсетуваме дека дуелот Џонс-Макаринели заврши со победа на Енцо, кој успеа да го нокаутира неговиот противник во четвртата рунда

Сепак, Џонс засега нема да се откаже од боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО