Мек Грегор се најде меѓу 100-те најплатени спортисти за 2020 година

Конор Мек Грегор најде место во листата на 100 најплатени спортисти за 2020 година. Списанието Форбс ја објави својата листа, на која поранешниот двоен шампион е на 53. место со своите 48 милиони.

Големата ѕвезда оваа година направи само една борба, иако инсистираше на уште неколку. „Озлогласениот“ го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди во јануари и тоа беше прва победа за него од 2016 година.

За жал, Мек Грегор објави дека се повлекува од ММА пред неколку месеци откако не се согласи со организацијата за борбата со Џастин Гејџи.

Во последните 3 години, Конор заработи над 100 милиони долари, а со толку многу пари тешко е да останете мотивирани да се борите во кафез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО