Ентони Смит: Сè уште сум со патерици по ударите на Ракиќ

Ентони Смит претрпе голем пораз од Александар Ракиќ минатиот викенд во Вегас. Поранешниот предизвикувач за титулата повторно беше издоминиран и влезе во серија од два последователни порази.

Смит победи само на една од последните четири борби, а по тешкиот судир со Ракиќ, Ентони е на патерици. 32-годишниот ветеран има фрактура на ногата и ќе мора да се опоравува во следните шест недели.

Смит ги спореди ударите на Ракиќ со ударите на Хектор Ломбарт, а 3 удари на Александар биел многу поболни од оние на Бразилецот.

„Не е добро, воопшто не е добро. Сè уште сум со патерици и не сум добро. Многу сум разочаран. Не можев да станам од кревет во неделата. Мораа да испраќаат луѓе од УФЦ да ме намачкаат со креми и да ме наполнат со лекови. Мојата соба беше полна со луѓе. Денес сум малку подобар.

Имам фрактура на ногата, но тоа не е голема работа. За 4-6 недели ќе бидам добро. Ме удри три пати и ме скрши. Ломбарт ми зададе повеќе од 30 удари пред неколку години и немаше никакви проблеми. Можев да се движам без проблеми. Ракиќ ме удри три пати и имам патерици“, рече Смит.

https://www.instagram.com/p/CDRpg8WprVS/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО