Конор Мек Грегор е под полициска истрага за насилство: Тој е криминалец и мислам дека би ме убил!

Ирскиот борец Конор Мек Грегор е под истрага во Шпанија, откако бил обвинет за физички напад на Ибица.

Иако случајот беше затворен, сепак судијата нареди повторно истиот да биде отворен и да се откријат повеќе детали.

Шпанските медиуми пишуваат дека истрагата е поврзана со инцидентот кој го имаше Мек Грегор со една жена на неговата јахта.

Според извештајот добиен на порталот MMA Mania, Конор ја поканил 42-годишната жена во ВИП секторот, пријателски комуницирал со неа во текот на ноќта, но во раните утрински часови станал насилен. Навредувал жена која пораснала во иста населба со него, наводно ја клоцал во стомакот и ја удирал со тупаница во вилицата. Откако паднала на земја, Конор скокнал врз неа и и се заканил со зборовите: „Ќе те удавам, којa мислиш дека си?“. После тоа следел споменатиот скок од јахтата, а жената била извлечена од морето со помош на чамец на Црвениот крст.

„Неговото однесување се промени за миг. Како нешто да го опседнало. Знаев дека морам да излезам од бродот затоа што мислев дека ќе ме убијат. Имаме заеднички пријатели и сме се сретнале неколку пати. Не ми се верува што ми направи. Тој е криминалец и мислам дека ќе ме убиеше да не избегав од јахтата“, е изјавата на 42-годишната Ирка во својата апликација.

Карен Кеслер како портпарол на Конор Мек Грегор даде кратка изјава за медиумите.

„Господин Мек Gрегор ќе продолжи да ги негира сите обвинувања од жена гостин на неговиот брод“.

Сигурно ќе биде интересно да се следи расплетот на овој случај, бидејќи се работи за навистина сериозни обвинувања против Конор Мек Грегор. Секако, некои ќе кажат дека 42-годишната жена се обидува да ги искористи парите и угледот на Конор, но да почекаме да видиме што ќе каже целосната истрага пред да донесеме какви било заклучоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО