Мек Грегор: Пак ќе ги соборам сите рекорди

Поранешниот шампион на УФЦ во две различни категории Конор Мек Грегор верува дека повторно ќе го победи Дастин Пориер.

Мек Грегор и Пориер ќе се борат на УФЦ 257 на крајот на следниот месец во Абу Даби. Нивната реванш средба е во лесна категорија. Пред неколку години ги видовме во борба во лесна категорија. Конор тогаш го нокаутира Дастин за помалку од две минути и освои бонус од 50.000 долари.

Оваа година видовме само една борба од Мек Грегор, го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди. Пориер доаѓа по тешката победа со одлука на судиите над Дан Хукер, која ја забележа пред неколку месеци. Победникот од овој меч ќе стане неоспорен кандидат за титулата, а Конор верува дека тоа ќе биде тој.

„Втор дел од Мек Грегор против Пориер. Повторно ќе ги соборам сите рекорди. Јас сум дивјак“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО