Мек Грегор обвиент за друг сексуален напад

Конор Мек Грегор повторно е во вестите од погрешни причини.

„Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории е под истрага во Ирска поради втор сексуален напад.

Тоа е втор случај од ваков вид со кој е соочен во својата татковина.

Првиот е случај за силување е од декември 2018 година. Полицијата го испита осомничениот во врска со инцидентот на 10 декември во Даблин.

По испитувањето и давањето ДНК примерок беше пуштен на слобода и се очекува да биде подигнато обвинување.

Поради ирските закони името на обвинетиот не е објавено, но од повеќе страни се појавија информации дека се работи за поранешен шампион на УФЦ.

Гардаи (ирска полиција) е известена за наводното силување од страна на пријателка на жртвата, кој се плашела сама да го пријави злосторство. Ја посетиле жената и разговарале со неа и ја пренеле во болница на преглед, каде што се земени и форензечки примероци.

Една 20-годишна жена, наводно, се запознала со спортска ѕвезда во јужниот дел на Даблин и по дружењето со неговата придружба завршила во хотел во конзумирале алкохол и кокаин. Тврди дека некаде меѓу полноќ и 3 часот наутро била силувана и претепана од спортската ѕвезда. Со прегледот е утврдено дека се здобила со сериозни повреди. Жената е мајка на мало дете и е во врска со друг маж.

Ново обвинение го товари 31-годишниот Мек Грегор дека во возилото пред паб сексуално ја нападнал жена во 20-тите години. Тајмс пишува дека борецот не е обвинет ниту бил на разговор во полицијата,

„Конор Мек Грегор е честопати тема на гласините. Тој недвосмислено го отфрла секој извештај што го обвинува за сексуален напад“, рече публицистот на Мек Грегор преку е-маил до Тајмс.

Ирската полиција објави дека истрагата е во тек и деак се уште никој не е упасен.

Во истиот ден кога „Тајмс“ ја објави во март веста за првиот сексуален напад Мек Грегор изненадувачки објави дека се повлекува од ММА. Дури и тогаш, никој не ја сфати изјавата премногу сериозно и преку неа се помина без сувишни прашање.

Ирецот не се борел од октомври минатата година кога беше поразен од Хабиб Нурмагомедов. Неодамна бараше борба со поранешниот шампион во лесна категорија Френки Едгар, но претседателот на УФЦ рече дека не бидува ништо од таа борба.

Вајт првично молчеше кога го прашаа за наводниот сексуален напад, а потоа ова лето рече дека имал впечаток дека тој случај не се работи за Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО