Мек Грегор му го „спушти“ на Мејведер: Остани си вопензија и плати го данокот!

Конор Мек Грегор вербално го нападна идниот противник на боксерскиот ринг Флојд Мејведер.

Американецот е непоразен во 49 натпревари, а на 26 август ќе се обиде да ја преземе 50-а победа во дуел кој треба да собере речиси 1 милијарда долари.

„Не ми е гајле што направил. Требаше да си остане во пензија. Да ги плати даноците и да не се занимава со мене. Да не се изговара повеќе моето име“, коментира Ирецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО