Вердум ќе се жали на одлуката со која изгуби на УФЦ 213 од Оверем

Ветераните на УФЦ во тешка категорија Фабрицио Вердум и Алистер Оверем се сретнаа по трет пат на УФЦ 213 изминатиот викенд во Лас Вегас, Невада, при што Холанѓанецот славеше со контроврезна одлука на судиите.

За прв пат се сретнаа на Прајд во 2006 година, кога Вердум победи со сабмишн, а во реваншот, кој го доби Рем на Страјкфорс во 2011 година, тоа во најдобар случај беше најдобрата битка меѓу нив.

Трилогијата? Па, не беше подобра од раваншот. Вердум и Оверем се бореа три рунди, иако ова беше доста непријатно за гледање. Во еден момент Ваи Кавало успеа да го погоди Оверем, но не успеа да ја заврши битката и на крајот загуби со контрадикторна судиска одлука.

Поранешниот шампион очигледно не беше задоволен од одлуката и сега има намера да поднесе жалба за поразот.

„Спортската комисија ми дава можност да поднесам жалба, па сакам да видам што ќе се случи. Имам право да поднесам жалба, бидејќи не го сакам овој пораз во мојата статистика. Сигурен сум дека победив, затоа што ги добив првата и третата рунда, ја загубив само втората“ , изјави Вердум за ММА фајтинг.

„Кога ќе изгубам битка си признавам, но оваа … Толпата го исвирка, добив многу пораки. Сите видоа дека сум победил. Ми го видовте изразот, не можев да поверувам дека сум изгубил. Бев изненаден“, додаде Вердум.

Вердум не само ќе се жали за поразот, нема ништо против да се бори и по четврти пат со Оверем.

„Четврта борба би била добра, ако жалбата не го промени резултатот. Целта ми е титулата и ако ми стои на патот, мислам дека би било добро да се бориме по четврти пат. Би сакал да се борам со него по четврти пат, за да ја покажам реалноста. Верувам дека го победив“

„Секогаш сум велел дека поразот е три чекори наназад, а победата е чекор напред, но овој пораз ме враќа само еден чекор назад. Верувам дека победив, но официјалниот резултат беше пораз. Овој пораз ми е во статистиката“, изјави Вердум.

Малку е веројатно Вердум да ја добие жалбата, но се уште планира да се бори до крајот на оваа година.

„Сакам повторно да се борам оваа година. Бев доста време надвор од октагонот и не ми се допадна. Би сакал да се борам најмалку три пати во годината, тоа би било супер. Би сакал пак да се борам во ноември, па имам доволно време да се одморам, да уживамсо  семејството некое време и да направам неколку работи надвор од кафезот“, заврши Вердум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО