Конор Мек Грегор досега прилично прецизно го погодуваше времето кога ќе ги заврши своите противници.
„Таинствениот Mек“ уште еднаш погледна во кристална топка и го кажа пророштвото за исходот од борбата за титулата во лесна категорија против Рафаел дош Ањош.
„Верувам дека ќе избришам подот со Рафаел во првата минута. Тој е побавен, забавена верзија на Хозе Алдо. Тој е клошарска верзија на Алдо. Јас апсолутно верувам во се, уверен сум дека ќе го избришам подот со него во првата минута. Ќе излезам од борбата свеж и да го потпишам следниот договор за УФЦ 200 во новата МГМ Арена и одиме повторно на титула“, изјави на прес-конференцијата во Лас Вегас.
РДА и Мек Грегор се борат на УФЦ 197 на 5 март. Ирецот за само 13 секунди го нокаутираше Алдо и ја освои титулата во перолесна категорија, а по три месеци се бори за појасот во лесна. „Озлогласениот“ се обидува да стане првиот борбец на УФЦ кој во исто време е шампион во две категории.
„Тој може да зборува за своите победи и порази, но на крајот на денот веќе сте го доживеале мракот кога сте вкочанет од нокаутот и ќе го доживеш тоа повторно на 5 март“.
“Može on pričati o svojim pobjedama i porazima, ali na kraju dana već si iskusio tu tamu kad si ukočen od nokauta i iskusit ćeš to opet 5. ožujka”.