Мек Грегор си зададе уште една цел-трета титула во УФЦ во 2016 година

konor so zname i pogled

„Mystic“ Mac повторно го шокираше ММА светот со својата нова цел!

За време на прес-конференцијата за УФЦ 197 во среда попладне, Мек Грегор изјави дека верува оти тој би можел да стане шампион и во полусредна категорија до крајот на 2016 година и дека има цел да поседува три шампионски појаси на УФЦ.

Во моментов Мек Грегор е шампион во перо категорија на УФЦ и ќе има можност да се бори за титулата во лесна категорија за време на УФЦ 197 на 5 март, кога тој ќе се сретне со Рафаел дош Ањош. Ако успее да го победи, Мек Грегор ќе биде само третиот човек во историјата на УФЦ, кој ќе поседува два појаси во две различни категории – досега тоа го направиле Ренди Кутур и БЏ Пен.

„Јас сум активен шампион и имам намера да се борам во различни категории. Ми се допаѓа идејата за титулата во полусредна категорија – ако треба да сум славен. Чувствувам дека можам да ги освојам трите титули и верувам дека ќе можам да го направам тоа до крајот на оваа година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО