Пакијао: Го избрав Бредли затоа што станал многу добар боксер

Pakijao i Bredli

Прес-конференцијата за мечот меѓу поранешниот светски шампион во бокс, Мани Пакијао и Тимоти Бредли, се одржа во Лос Анџелес, САД. Филипинецот беше прашан што го натерало да го избере токму Бредли за свој противник. На ова прашање, Пакијао одговори дека според него неговиот конкурент значително се напреднал по последната борба.

„Благодарен сум му на Бредли што ми даде можност за уште еден меч меѓу нас пред конечно да ја прекинам кариерата. Неговиот тренерски штаб ми обезбеди можноста да се вратам во рингот и да се борам со еден навистина достоен ривал. Тимоти стана повеќе од добар. Импресиониран сум и тоа е причината за да го изберам за противник. Навистина, тој се развива се повеќе, сите го видовме тоа на неговиот последен дуел против Риос“.

Ве потсетуваме дека средбата меѓу Бредли и Пакијао III ќе се одржи на 9 април во Лас Вегас, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО