Мајк Тајсон ќе се бори во УФЦ (ВИДЕО)

Majk Tajson vo igra na UFC

Култниот американски боксер, Мајк Тајсон, ќе се бори во најпопуларната ММА организација на планетата УФЦ, но само во игра. Тоа ќе се случи во новото издание на EA SPORTS ™ UFC® 2.

Официјалниот деби на играта е на 15 март, а навивачите веќе почнаа да прават нарачки. Оние кои ќе купат во преплата EA SPORTS ™ UFC® 2 ќе имаат можност да играат директно со Железниот. За сите останати профилот на Тајсон ќе биде отклучен со напредувањето во играта.

Според креаторите, херојот, боксерот, поседува најголема моќ од сите останати борци. Тој ќе се натпреварува во лесно-тешка и во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО