Мејведер се обложил на средбата Фјури-Кличко и дебело заработил

mejveder-pari

Познат по својата пасија за обложување, Флојд Мејведер, призна дека се обложил на мечот Тајсон Фјури – Владимир Кличко (Украина) во ноември. Американската ѕвезда заработил прилично сериозна сума, бидејќи коефициентот на Британецот беше околу 6.

Klicko-Fjuri udari

„Само еднаш го имав гледано Фјури, но се обложив на него, бидејќи коефициентот беше добар. Ние во Америка имаме прилично добар боксер во тешка категорија – Дионтеј Вајлдер. Тој удира цврсто. Ќе направи добра средба со Фјури, но уште не знам на кого од двајцата би се обложил“, вели Мејведер.

Мејведер ќе мора да почека за одржувањето на овој меч. Вајлдер е должен да ја брани титулата на Светскиот боксерски совет против Владимир Кличко. Фјури има обврска на реванш против Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО