Борачите ќе се докажуваат на Изборното првенство во Радовиш

Plakat za izbornoto prvenstvo za seniori vo Radovis

Радовиш утре е домаќин на Изборното сениорско првенство во борење.

Се очекува да има интересни борби во некои категории, бидејќи на душекот ќе се појават Владими Егоров, натурализираниот Македонец, потоа Адил Адили доаѓа од Париз и ќе му биде сериозна конкуренција на Јасин Реџелари, тука се и Дејан Митров, Дејан Богданов, Бобан Данов, Бесмир Весели, Ертан Реџепи, Бехар Махмути, Иван Јанев итн.

На душекот нема да се појави Алексанадар Стојанов, кој настапува во германското првенство и кој не беше известен за Првенството, па така Данов останува без сериозна конкуренција. Покрај Стојанов, годинава уште неколку борачи оставија добар впечаток во германските лиги, како Далибор Богданов, Даниел Филипов и Благој Трендов.

Натурализираните Лабазар Аскерниев и Могамеднаџи Нуров нема да се појават во Радовиш, бидејќи се подготвуваат во Русија.

Ipon.mkВ.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО