Мејведер: Само Мек Грегор може да ме врати во рингот!

Mejveder Konor

Поранешниот светски боксерски шампион во пет тежински категории, Флојд Мејведер и УФЦ шампионот во лесна категорија, Конор Мек Грегор, ја туркаат идеата за одржување на меѓусебна борба.

Непоразениот Мејведер (49-0, 26 КО) вели дека единствено кој може да го врати во рингот е Мек Грегор.

Ирецот е под ексклузивен договор со УФЦ, но вели дека може да го заобиколи договорот за бокс меч со Американецот. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неколку пати повтори дека Мек Грегор не може да учествува во каква било борба со Мејведер без учество на УФЦ, дури и отворено му се закани на шампионот.

„Никој не е мојот шеф. Знам дека Флојд сака да се каже дека мојот шеф  е дана и дека тој одлучува. По ѓаволите, не. Никој за тоа не одлучува. Ако им дозволуваат на луѓето да настапуваат на џиу џицу турнири, не може да ме спречат да се борам во боксерски меч. Секој мора да си го знае своето место и секој навистина си го знае своето место“, му рече Ирец на Ариел Хелвани.

Мејведер се пензионира по победата против Андре Берто во септември 2015 година. Верува дека на крајот ќе дојде до борба со УФЦ ѕвездата. Не интересираат опциите за реванш со Мани Пакијао или борба со победникот од дуелот Кит Турман – Дени Гарсија.

„Најверојатно ќе дојде до борба помеѓу мене и Конор Мек Грегор“, изјави тој за Скај спорт.

„Не знам кога. Морам тоа да го изкомуницирам со мојот тим. Битката се уште не е договорена, но тука се работи за забава и се надевам дека ќе успееме да договориме тоа“.

„Борбата со Мек Грегор е единственото нешто што може да ме врати во рингот. Тој ќе ја заврши работата од своја страна, а ние ќе ја заврши работата од мојата страна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО