Мејведер му предложи реванш на Оскар де ла Хоја

oskar mejveder

Оскар де ла Хоја минатата недела рече дека ако се врати во боксот, тој би сакал да застане спрема Генадиј Головкин. Сега Флојд Мејведер го спомнува неговото име како евентуален ривал за септемврискиот дуел, кој ќе биде и последен во кариерата на боксерот.

 „Слушам дека Оскар прави инсинуации за враќање. Ако сака можеме да потанцуваме во септември. Тој рече дека сака реванш. Ако сака, може“.

Малку потоа самиот Оскар се јави со одговор, кој сепак беше негативен. Боксерот изјави дека кога се бореле тој очекувал реванш во рок од една година по нивната средба, како што беше по договорот, но тогаш Мејведер се повлекол. Сега Де ла Хоја е задоволен од постигнатото и изјави дека нема повеќе да се враќа во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО