Мејведер: Јас сум најголемото име во ММА, замислете колку ќе бидам брз во тие ракавици!

Разговарајќи со FightHype Флојд Мејведер Јуниор потврди дека веќе полека тренира за потенцијалното ММА деби , но тие тренинзи се сведуваат само на кондициска подготвка, додека да, како што вели Тајрон Вудли, сериозните подготовки треба да тргна идната година.

„Се радувам на борбата, веројатно таму некаде кон крајот на годината, но уште не знеме. Во моментов шансите се 50-50, ама со тренинзи започнавме“, открива Флојд.

Непобедената боксерска ѕвезда признава дека ММА е многу брутален спорт, но исто така уште сега себе се прогласи за најеголемо име во него.

„Знам дека во овој момент сум најголемото име во ММА. Веднаш зад мене е Конор Мек Грегор“.

Додека за многуминане реваншот со популарниот Ирец е логичен по нивниот боксерски меч, Мејведер не сака да брза во таа насока, па затоа и доста е резервиран кога се зборува за потенцијалниот противник за неговото деби.

„Во овие моменти не можам ништо да кажам. Навистина не можам да кажам како се ќе се одвива. Мене ме интересираат бројките. Конор Мек Грегор е цврст и опасен натпреварувач. Баш како него и јас мислам дека имам динамини раце во оние мали ракавици“ рече Флојд, додавајќи дека морал во овој меч да биде во перолесна категорија, што спрема него, може да направи проблеми:

„Би било тешко да се организира тоа, затоа што мојата ММА борба мора да биде во перлесна. Тоа во тој спорт би било тотално поинаку, бидејќи немаме боксерски тениски, а тука се и тие ракавици. Мислите дека сум брз со оние од 8 унци … замислете колку би бил брз со оние од 4“, заврши Мајвејдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО