Мејведер ги објави петмината најдобри боксери во историјата

Легендарниот боксер Флојд Мејведер јуниор, кој стана светски првак во пет категории и освои бронза во аматерскиот ринг на Олимписките игри, ги посочи петте најдобри боксери во историјата на овој спорт.

Нормално, Мејведер е на оваа листа, другите четири спортисти се исто така легенди на боксот.

„Треба да го вклучиме Пернел Витакер на оваа листа, како и Роберт Дуранд. Што се однесува до тешка категорија, морам да му оддадам признание на Лери Холмс. Лери ги победи сите во своето време. Кога Холмс загуби од Мајк Тајсон, тој беше поразен од млад и гладен шампион и се враќаше во тоа време по една година пауза“, напиша Мејведер.

Арон Прајор. Единствената причина поради која што Прајор ја загуби борбата беше заради дрога. Тој изгуби само една битка и тоа само поради дрога“, додаде американската легенда.

Пред еден месец, Мејведер одржа демонстративен меч против блогерот Логан Пол. Флојд имаше опиплива предност во сите осум рунди, но според правилата на борбата, не беше објавен победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО