Медалистите од Балканското првенство имаа прием во Агенцијата за млади и спорт!

rep site

Освојувачите на медали од Балканското првенство за деца во Херцег Нови-Црна Гора, денес беа приемени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марајан Спасески. Тој им го честиташе успехот  истакна дека АСМ го подржува каратето и го помага финансиски.

Да потсетиме дека македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години освои 22 медали (6 златни, 3 сребрени и 13 бронзени медали) во конкуренција на 11 земји со околу 900 натпреварувачи и го освои второто место, зад Турција, а пред Србија, Босна и Херцеговина.

direktorot an amas

– Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на ова Балканско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја, истакна Спасески и им порача на младите каратисти да продолжат со напорна работа и да ги достигнат успесите на нашите сениори Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски и европскиот шампион во сениорска конкуренција Емил Павлов, рече Спасески.

spaseski so kata timot zeni
Спасески успехот им го честиташе на тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезентацијата и рече дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува овој спортот во државата.

marjan spaseski i trenerite so decata
– Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена, нагласи директорот на АМС.

sapseki so maski medalisti

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО