КаратеПремиер лига
Матеј Белистојаноски во осумте најдобри каратисти на Премиер лигата во Рим
Иако не се пласира во полуфиналето, Матеј остави добар впечаток и навести дека годинава ќе се бори на високо ниво за трофеите на меѓународната сцена.

Матеј Белистојаноски во четвртфиналето на Карате 1 Премиер лигата во Рим, Италија, загуби од Адел Омар од Египет со 0-2.
Иако не се пласира во полуфиналето, Матеј остави добар впечаток и навести дека годинава ќе се бори на високо ниво за трофеите на меѓународната сцена. Пласманот меѓу осумте најдобри каратисти во светот е резултат за почит.
На Премиер лигата настапуваат 377 натпреварувачи од 64 држави.
Резултати Премиер лига:
-67 кг
Матеј Белистојаноски – Јеркинбејк Баитуреев ( Казахстан) 1-0
Матеј Белистојаноски – Георгиос Балиотис (Грција) 1-0
Матеј Белистојаноски – Фабрицио Џордано (Италија) 4-2
Четвртфинале
Матеј Белистојаноски – Адел Омара (Египет) 0-2



