Мартин Стојменов доби шестмесечна стипендија од Општина Кочани

Martin Stojmenov so peharot vo dubrovnik

Каратистот Мартин Стојменов од Партизан-Кочани добил шест месечната стипендија од Општина Кочани во висина од 3.000 денари, која ќе почне да му се доделува од април и ќе трае до септември.

Спортската стипендија се доделува по распишаниот конкурс од страна на градоначалникот Ратко Димитровски со кој се предвидуваше доделување на едно стипендирање на спортист – спортска надеж на Кочани.

Стојменов интезивно се подготвува за наредниот настап во Салзбург, Австрија, на Карате 1 Премиер лигата, каде што ќе настапи свестката катарет елита.

„Повредите ми ја кратеа самодовребата и ме спречија на неколку важни натпреварувања да направам добар резултат, односно да освојам медал, но сега се е санирано. Ги засилувам тренинзите и физички и психички, за да го надополнам пропуштеното“, изјави Мартин Стојменов за Ipon.mk.

Gradonacalnikot i sportistite  na Kocani

Најуспешниот кочански спортист во последните неколку години и се заблагодарува на Општина Кочани и на градоначалникот Ратко Димитровски за укажаната почест и доверба.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО