Дионтеј Вајлдер: Во Русија ќе бидам црниот Роки

Diontej vajlder vika

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (36-0, 35 КО), за четвртата одбрана на титулата патува во Русија.

„Бронзениот бомбардер“ на 21 мај во Москва се бори со поранешниот шампион во ВБА и олимписки победник Александар Поветкин (30-1, 22 КО).

Американецот (30 г.) планира да го реинкарнира сценариото на Роки 4

„Многу сум лежерен за патувањето и одењето на туќ терен“, рече во ексклузивното интервју за Скај спортс.

„Можам да се прилагодам на која било средина или ситуација, па јас сум подготвен да отидам и во Русија. Таквите работи можете да ги прифати или да почнете да плачете, а јас ќе глумам Роки. Ќе бидам црниот Роки“.

„Сигурен сум дека сите го гледале тој филм и јас ќе направам она што го стори тој.  Сите го имате видено тој филм, тоа беше голема борба, доби ќотек, јас нема да го добијам во таа мерка, но излезе како победник“.

„Јас сум светски шампион во тешка категорија и затоа одам таму. Каде било во светот, кој и да посака да ме предизвика на крајот ќе ми оддаде признание“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО