Марко Перак поразен на М-1 Челинџ и остана без борбата за титулата!

perak m-1

Маро Перак не успеа да стигне до победа на М-1 Челинџ 60, која му даваше можност за борба за титулата во полутешка категорија. Бидејќи со едногласна одлука ма судиите поуспешен беше Виктор Немков. 

Maro Перак е поразен на М-1 Челинџ 60 од Виктор Немков по три рунди со едногласна одлука. Во текот на првата рунда Немков правеше притисок, а Перак е добро работеше ножна техника. Во средината на рундата Перак , додека се обидуваше да го урне противникот се најде во гилотина од која успеа да се извлече, но потоа беше урнат на земја во последната минута. Во текот на втората рунда Немков доминираше и го уриваше Перак и целосно ја контролираше борбата. Во третата рунда Перак мораше да оди на се или ништо, но Немков ја контролираше борбата во стоење. Кога на 40 секунди пред крајот на борбата Немков го собори Перак, беше јасно дека ја обезбеди победата .

Во воведниот дел од програмата Јосиф Артуковиќ доживеа тежок нокаут во почетокот на првата рунда со Денис Генјуком.

М-1 Челинџ 60

Виктор Немков – Маро Перак (едногласна одлука)

Максим Футин – Марчин Зонтак сабмишн (давење од позадаи)

Залимбек Омаров – Марсело Коста  (едногласна одлука)

Евгениј Лазуков – Илија Будегѕаме TKO (прекин од аголот)

Алексеј Махно – Зулфикар Усманов (мнозинска одлуката на судиите)

Денис Генјук – Јосиф Артуковиќ КО (удари) 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО