Вонредното Собрание на ФБСМ е закажано за 7 октомври!

Cedo Nikolovski

Вонредното Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Макеоднија (ФБСМ) е закажано за 7 октомври, иницијативата беше покрената од 14 клубови во Македонија.

„Ја прифатив таа иницијатива. Вонредното собрание ќе се одржи на 7 октомври. Порано не можев да го свикам, бидејќи сега се одржува Светското првенство во Лас Вегас, САД, а треба да се изготват и извештаите за работа на Федерацијата. На вонредното Собраниие, иницијаторите треба да предложат претседател на ФБСМ“, вели престедателот на ФБСМ, Чедо Николовски, додавајќи дека со оваа одлука се согласиле водечките клубови, како Лирија, Балканец, Бучим, Спартак, Неготино…
Инаку, Николовски изјави дека во Лас Вегас, Македонија ќе ја претставуваат 5, односно 6 борачи.
„Во Лас Вегас ќе патуваат Дејан Митров, Дејан Богданов, Бобан Данов, Јасин Реџелари, Халил Зубаиров и Тамир Хамикоев, кој ќе настапи во грчко-римски стил. Очекувам, претседателот на Обединетото светско борење, Ненад Лаловиќ да даде виза за настап на СП на Дејан Богданов, како шести член на македонската репрезентација. Од 10 август нашите репрезентативци ќе ги продолжат подготовките во Бугарија“, истакна Николовски.

Тој не информираше и дека се купени картите за борачите за СП и дека нема веќе дилеми дали ќе се патува или не.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО