Марко Хук се врати со победа во Греманија

Marko Huk Hale

Марко Хук (Германија) се врати со победа. Тој го нокаутира својот стар противник Ола Афолаби (Англија) на галавечерта во Хале во Германија.

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија доминираше во текот на целиот натпревар и успеа да го скрши Британецот во десетата рунда. Афолаби доби тешки удари и не излезе за 11-тата рунда.

Ова беше 39-та победа (27 со нокаут) за Германецот. Тој има 3 порази и 1 нерешена. Хук ја загуби титула во август, откако беше нокутаирарн од Кржищоф Гловацки на галавечерта во Њу Џерси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО