Марк Хант најави враќање во боксерскиот ринг: Сакам да им ги избивам забите на противниците

Боречката легенда 48-годишниот Марк Хант се враќа на борбите. Самоанецот во последното интервју ја објасни причината за неговото враќање во рингот.

„Ме наговорија да се вратам, а треба да платам и некои судски трошоци. Имав многу соништа кои треба да ги решам, а треба и да го прехранам семејството. Но, сакам да се борам. Сè уште имам оган во себе“, рече Марк Хант и продолжи:

„Со добра понуда успеаја да ме симнат од каучот. Ми понудија добра плата и се согласија со моите услови. Тоа навистина ме развесели. Веднаш решивме се без глупостите што ги имав со некои ш**т организации.

Хант ја загуби правната битка со УФЦ на почетокот на годината и мораше да плати 375.000 долари за судски трошоци.

Ја тужешепромоцијата за рекетирање, измама, лажно претставување, прекршување на договор, небрежност и незаконско богатење, но судот ги отфрли сите овие обвиненија.

Во меѓувреме тој покрена нова тужба против најголемата светска ММА промоција.

„Го извлекоа старецот од количка и сакаа да заработат на моето име. И сите добро го знаат моето име, без разлика што сум стар, а сега се враќам затоа што сакам да им ги избивам забите на противниците“, нагласи Марк Хант, кој последен пат се бореше во декември 2020 година кога загуби од Пол Гален во боксерски меч.

Хант има два порази и едно реми во професионалниот бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО