Марија Димовска им ја зема мерката на Гркинките – златен медал на Светскиот куп, Трендов освои сребро, Мировски се бори за злато

Марија Димовска им ја зема мерката на кикбоксерките од Грција и во полуфиналето и во финалето славеше за прво злато на  Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп бокс во Будимпешта, Унгарија. Македонија досега освои 4 медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени, а прашање е каков ќе биде 5-от, злато или сребро.

Димовска за златото славеше над Тријада Антупулу 3-0.

Антонио Трендов се закити со сребрен медал откако во финалето загуби Бартоломеј Слежински (Полска) 0-3.

Силвио Мировски има шанса да го освои вториот златен медал за Македонија, со победата над Украинецот Владислав Камзирчук оде 3-0. За да се закити со злато треба да совлада уште еден кикбоксер од Украина, Иван Боротаји.

Вчера Калин Бабоски го освои вториот бронзен медал за Бабоски во лоу кик до 60 килограми во полуфиналето загуби со поделена одлука од Украинецот Бохдан Ленко 1-2.

Кикбоксерите во лоу кик во целост ја оправдаа довербата на селекторот Дејан Митровски, бидејќи сите медали се освоени во оваа дисциплина, и тоа од помлади и постари јуниори.

Завчера Александар Димовски – Димса освои бронза во кик лајт.

На Светскиот куп настапуваат 2272 кикбоксери со 3339 натпрварувачки влезови од 382 тима од 50 држави.

Резултати Унгарски Светски куп:

Лоу кик
Млади јуниори
-60 кг
Калин Бабоски  – Олег Боијаринтев (Молдавија) 3-0
Полуфнале
Калин Бабобски – Бохдан Ленко (Украина) 1-2 бронза

-81 кг
Антонио Трендов – Милош Војиновиќ (Црна Гора) 3-0 ½ финале
Финале
Антонио Трендов – Бартоломеј Слежински (Полска) 0-3 сребрен

-60 кг
Марија Димовска – Антиклеија Симици (Грција) 3-0 ½ финале
Финале
Марија Димовска –Тријада Антупулу (Грција) 3-0 злато

Постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Владислав Камзирчук (Украина) 3-0 ½ финале
Финале
Силвио Мировски – Иван Боротаји (Украина)

Кик лајт
Постари кадети
-55 кг Мартина Јовановска – Никол Мартинцова (Чешка) 0-3 ¼ финале
-63 кг Исмаил Мутлу – Лајош Тот (Унгарија) 1/8 финале
-69 кг Дарио Спасовски – Томек Лазмирски (Полска) 0-3 1/8 финале

Јуниори
-55 кг Јадранка Темелкова – Лине Граф (Швајцарија) 0-3 1/8 финале
-63 кг Јосиф Велковски – Матео Бросиер (Франција) 0-3 1/8 финале

-69 кг
Петар Лазев – Зандер Роинквист (Норвешка) 0-1 1/16 финале
Данило Методиевски – Роберт Дарастефану (Романија) 0-3 1/8 финале

Марио Цветановски – Кристијано Вукосиќ (Хравтска) 3-0 1/8 финале
Марио Цветановски –Тимур Халишчев (Украина) 0-3

Сениори
-84 кг Стефан Јовчевски – Урс Бисанг (Швајцарија) 0-3 1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО