БоксПрофесионален

Крис Киборг со нов нокаут во рингот (ВИДЕО)

Киборг не еднаш ги покажа силните тупаници во ММА кафезот, но синоќа тоа се случи и во боксерскиот ринг.

Поранешната шампионка на УФЦ, Белатор, Страјкфорс и Инвикта ФЦ во перолесна категорија се спротивстави на Арија Вајлд во боксерски меч што се одржа на О2 во Лондон, Англија. Таа победи со ран нокаут во втората рунда од натпреварот.

„4-0 и јас веќе имам повеќе нокаути од Клариса Шилдс која имаше околу 100 боксерски борби“, напиша Киборг по нејзината победа.

Крис сега има скор од 4-0 во боксерскиот ринг откако дебитираше во септември 2022 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON