Александар Димовски се врати од пензија и освои бронза на Светскиот куп во кик бокс во Будимпешта

Ветеранот Александар Димовски – Димса освои бронза на 29. Унгарски Светскиот куп во кик бокс во Будимпешта, Унгарија.

Димовски настапи во кик лајт и загуби од Хрватот Ивица Ивиќ.

„После 3 години спортска пензија повторно борба, категорија ветерани КЛ +94 кг, резулатот не е спрема планот (блиска борба), меѓутоа противникот Ивица Ивиќ е врвен борец и му благодарам за прекрасната борба“, напиша Димовски на Фејсбук по борбата и додаде:

„Битно душата бавча и се радвам како мало дете, а тоа значи само едно, само шо почнавме и од тука има само напред. Со мене толку, утре полуфинале на Марија Димовска“.

Утре може да очекуваме повеќе радост, бидејќи повеќе кикбоксери се пласираа во полуфиналето и на тој начин обезбедија бронзи на овој силен Светски куп“.

На Светскиот куп настапуваат 2272 кикбоксери со 3339 натпрварувачки влезови од 382 тима од 50 држави.

Резултати Унгарски Светски куп:

Лоу кик
Млади јуниори
-60 кг
Калин Бабоски  – Олег Боијаринтев (Молдавија) 3-0
Полуфнале
Калин Бабобски – Бохдан Ленко (Украина)

-60 кг Марија Димовска – Антиклеија Симици (Грција) ½ финале
-81 кг Антонио Трендов – Милош Војиновиќ (Црна Гора) ½ финале

Постари јуниори
-71 кг Силвио Мировски – Владислав Камзирчук (Украина) ½ финале

Сениори
-63,5 кг
Александар Василевски – Павел Гржебиениевски (Полска) 0-0
Александар Василевски – Данило Петин (Украина) 0-0 ¼ финале

-71 кг Столе Митев – Лазар Ступар (Србија) 0-3 ¼ финале
-60 кг Кристина Спиркоска – Алексија Цига (Грција) 0-3 ¼ финале

Поин фајт
Деца
-33 кг Христијан Колев – Давид Гавриловиќ (Словенија) 1/8 финале

Млади кадети
-37 кг Митко Чавков – Андре Гарсија (Гватемала) 1/16 финале

Кик лајт
Постари кадети
-55 кг Мартина Јовановска –
-63 кг Исмаил Мутлу –
-69 кг Дарио Спасовски –

Јуниори
-55 кг Јадранка Темелкова –
-69 кг Петар Лазев –
-69 кг Данило Методиевски –
-69 кг Марио Цветановски –
-55 кг Јадранка Темелкова –
-63 кг Јосиф Велковски –

Сениори
-84 кг Стефан Јовчевски –

Ветерани
+94 кг Александар Димовски – Ивица Ивиќ (Хратска) 0-3 ½ финале, бронза

К1
Постари јуниори
-71 кг Максим Митровски – Иван Марковиќ (БиХ)  1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО