Петмина македонски боксери во финалето на „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Во финалето на Меѓународниот меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово утре ќе настапат петмина боксери од Македонија. Најбројна е фамилијата Рустемовски со тројца финалисти.

Адријан Рустемовски стигна до финалето откако во полуфиналето го совлада Александру Попеску од Романија 2-0.

Утре во финалето љубителите на боксот ќе следат 19 борби во младинска и сениорска конкуренција.

Финалните борби се утре со почеток во 15 часот во спортската сала на СЕУ „Перо Наков“ во Куманово.

На турнирот настапуваат боксерски имиња од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Македонија.

Финале – „Мирослав Петровиќ:

Младинци

51 кг Никола Максимовиќ (Србија) – Саша Менкарони (Италија)
54 кг Фуско Самуеле (Италија) – Стивен Џиџи (Албанија)
57 кг Владимир Меленциуц (Молдавија) – Адријан Рустемовски (Македонија)
60 кг Флорин Калдарару (Романија) – Ѓорги Дравнев (Бугарија)
60 кг Буонокоре Гајтано (Италија) – Марко Јовановиќ (Србија)
63,5 кг Огнен Антиќ (Србија) – Иван Кривачевиќ (Србија)
67 кг Лука Трифуновиќ (Македонија) – Сашко Николов (Бугарија)
67 кг Бесим Карај (Албанија) – Харпула Кристијан Карол (Италија)
71 кг Ахмед Кочи (Албанија) – Хамза Раслјанин (Србија)
75 кг Нино Шепиц (Словенија) – Вук Вукајловиќ (Србија)
75 кг Амар Кочи (Албанија) – Игор Бондари (Молдавија)
80 кг Венцислав Митев (Бугарија) – Сандро Купријан (Австрија)
86 кг Илија Валигурски (Молдавија) – Срѓан Томиќ (Србија)
92 кг Стојан Петров (Бугарија) – Корона Ахарон (Италија)

Сениори

60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Драган Груиќ (Словенија)
63,5 кг Руждија Рустемовски (Македонија) – Кирчо Димитров (Бугарија)
67 кг Леон Малоиќ (Хрватска) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Енис Алиу (Македонија) – Даниел Шутало (Хрватска)
80 кг Ноа Јежек (Хрватска) – Усеин Ника (Албанија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО