Мани Пакијао ќе трба да избере помеѓу пензија од професионалниот бокс како светски шампион или драстично зголемување на неговата банкарска сметка преку меч со Конор Мек Грегор.
Филипинецот, кој е шампион на ВБА во полусредна категорија, доби ултиматум од Светската боксерска асоцијација да ја брани или да ја ослободи титулата.
Гласините за мечот меѓу Пакијао и Мек Грегор стануваат се посилни, а можен таков меч ќе се одржи во втората половина на 2021 година. Пред некое време, самиот Пакијао истакна дека за да се одржи таква борба, тој треба да биде дел од нејзината организација и промоција.
Сепак, во исто време ова ќе значи дека 41-годишниот боксер нема да ја брани титулата која ја освои летото 2019 година, кога последен пат беше виден во рингот.
ВБА му даде грејс-период на Пакијао од шест месеци, во текот на кои ќе трба да го брани појасот против Јорданис Угас, кој го држи другиот појас на ораганизацијата.