Јовановски загуби со поделена одлука на судиите, а Русинот беше надмоќен против Етеми

Репрезентативците Аарсим Етеми и Лео Јовановски ги загубија борбите на силниот Меѓународен турнир „Загреб Гранд при“ во Загреб, Хрватска.

Етеми (-81 кг) со прекин (ТКО) во првата рунда од силниот Русин Разиуан Мазихов.

Лео Јовановски (-75 кг) е поразен со поделена судиска одлука од домашниот боксер Ноа Јежек.

„Јовановски изгуби на поени 2-1 со хрватскиот репрезентативец, но како за негова прва борба покажа висок ентузијазам и желба. За прва борба сме презадоволни“, рече тренерот на репрезентацијата Димитар Ташков.

На нашите боксери влијае е големата пауза од тренинзи поради пандемијата на коронавирус.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО