Мани Пакијао е подготвен за втор меч со Мејведер

Мани Пакијао е подготвен по втор пат да се качи во рингот против Флојд Мејведер. Филипинската легенда објасни дека сето тоа зависи од неговиот стар противник.

„Ако Флојд се врати во боксот, тогаш ќе има реванш. Одлуката е негова. Дали има желба за втор меч, тогаш ќе го добие. Сега се фокусирав на мојата борба со Адриан Брунер. Не го потценувам и не мислам дека е лесен тест“, рече Пакијао

Пакијао и Мејведер се бореа во мај 2015 година, а Американецот победи со одлука на судиите. По мечот Филипинецот се правдаше дека имал здравствен проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО