Макс Холовеј го среди Ортега и ја одбрани титулатана УФЦ (ВИДЕО)

Макс Холовеј (20-3, 16-3 УФЦ) со одлична изведба по втор пат ја одбрани титулата на УФЦ во перолесна категорија.

Во главната борба на УФЦ 231 во Торонто, „Благословениот“ со прекин по четвртата рунда го победи Брајан Ортега (14-1-1НЦ, 6-1-1NC УФЦ) и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Предизвикувачот покажа силна брада во одличниот меч, но судијата ја прекина борбата поради повреда на левото око на Ортега.

Валентина Шевченко (16-3, 5-2 УФЦ) е новата шампионка во мува категорија. Во мечот за испразнетата титула со убедлив перформанс ја порази поранешната шампионка во сламка категорија Јоана Једрзејчик (14-3, 9-3 УФЦ) – 49:46, 49:46, 49:46. Шевченко трипати ја има победубвано Полката во Мај тај мечевите.

Тиаго Сантос – Марета (20-6, 12-5 УФЦ) со лево кроше во втората рунда го нокаутира Џими Манува (17-5, 6-5 UFC). На Манува ова му беше трет последователен пораз.

Гунар Нелсон (01.03.17, 8-3 УФЦ) со лактите му отвори исеченица на лицето Алекс Оливеира (06.01.19, 9-4 УФЦ) и го заврши со странично задушување во втората рунда.

УФЦ 231:
Макс Холовеј – Брајан Ортега (ТКО, Р4)
Валентина Шевченко – Џоана Једрзејчик (со одлука на судиите, 49-46, 49-46, 49-46).
Гунар Нелсон – Алекс Оливеира (сабмишн, давење од позади, Р2)
Хаким Даводу – Кајл Бочнијак (поделена одлука на судиите, 28-29, 30-27, 30-27)
Тиаго Сантос – Марета – Џими Манува (КО, Р2)
Нина Ансароф – Клаудија Гадела (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Гилберт Барнс – Оливие Обин-Мерсиер (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Џесика Ај – Кетлин Чокијан (поделна одлуки на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Илија Теодору – Ерик Андерс (поделна одлуки на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Бред Катона – Метју Лопез (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Диего Лима – Чад Лапрајс (KO, Р1)
Диего Фереира – Кајл Нелсон (ТКО, Р2)
Александар Ракиќ – Девин Кларк (TKO, Р1)

https://www.youtube.com/watch?v=E816CCFiwsw

https://www.youtube.com/watch?v=cdyIlv2cFq4

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО