Петар Арсовски прв на „Рударска ракавица“ во Алексинац, Марио Ефремов втор

Петар Арсовски е освојувач на златниот медал на Меѓународната ревија „Рударска ракавица“ во Алексинац – Србија.

Арсовски кој тренира и се натпреварува за Локомотив од Софија боксираше во категорија до 41,5 кг, што е за две тежински категории од неговата 38,5 кг.

На оваа ревија учествуваа и двајцата натпреварувачи од БК Аперкат. Марио Ефремов (57кг) во изедначена борба не успеа да се закити со златото во конкуренција на ученици. Јоаким Јовановски (36 кг) во конкуренција на пионери немаше противник.

На турнирот учествуваа боксери Србија, Македонија и Бугарија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО