Макпетрол најуспешна екипа на Државнто карате првенство (ФОТО)

Makpetrol site

На вчера завршеното Државно карате првенство за сениори најуспешна беше екипата на Макпетрол со вкупно 10 медали – 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

Metalurg ekipno

Втора е екипата на Металург, исто така со 10 медали – 5 златни и 5 сребрени, а трет е Ронин со 6 медали – 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Вардар е четврти 3 (2 златни и 1 бронзен), Цветан Димов петти 2 (1 златен и 1 сребрен).

Drzavno za seniori karate 2016-02-14 10.38.06

Макпетрол и Металург медалите ги освоија во борби, а Ронин во кати, како и Вардар. Од друга страна, во машка конкуренција по еден шампион имаат КК Штип и КК Цветан Димов, додека другите се од Металург, а во женска конкуренција Макпетрол доминираше.

Ronin na drzavno seniori 2016

Првите три клуба освоија 26 медали – 12 златни, 5 сребрени и 9 бронзени, а останатите 23 – 4 златни- 7 сребрени и 12 бронзени.

2016-02-13 16.06.23

Шмапиони во борби мажи: Емил Павлов, Ненад Ќелебиќ, Иво Цветковски, Петар Спасеновски и Мартин Несторовски.

Шампиони во борби жени: Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска, Моника Стефановска и Драгана Тодорова.

Шампион мажи екипно борби: Металург (Ќосовиќ, Груевски, Исмаил, Крстевски, Несторовски, Спасеновски, Цветковски).

Шампион жени екипно борби: Макпетрол (Заборска, Радичевска, Наташа и Моника Стефановска)

Шмапиони кати екипно мажи: Вардар .

Шмапиони кати екипно жени: Ронин.

Шампион во кати мажи: Ферри Исиќ.

Шампион во кати жени: Пуликсенија Јованоска.

Makpetrol zeno so trenerite

Тренерот на најуспешната екипа на Државниот шампионат, Бошко Заборски од Макпетрол, по успехот изјави:

„ За ова Државно првенство долго се подготвувавме. Подготовките започнаа во август. Меѓутоа, и покрај одличната подготвеност, сите ние чувствувавме големо оптоварување и одговорност за што подобар пласман. Во принцип, државните натпревари се многу важни за состав на репрезентацијата и поради тоа спортистите имаат огромен притисок да направат добар резултат. Притисокот е голем бидејќи секој неуспех се казнува во немилосрдниот нокаут систем на натпреварување каде што нема поправање на грешките. Сакам  да истакнам дека  генерално сум  задоволен од настапот на сите мои спортисти, планот ќе беше целосно исполнет ако оствареа пласмани помеѓу тројцата најдобри и Симон Антиќ, Орхан Билали и Дејан Павлов (сите тие се квалитетни спортисти), но, за жал, тие нема да учествуваат на Балканското првенство во Турција. Ова државно првенство е првата станица за влез во националниот тим. Сега ни престојат потврдување на резултатите на Балканското првенство во последната недела на февруари, потоа настап на Светскиот карате куп во Лашко, Словенија  и учество на Карате 1 Премие лига во Салзбург, Австрија. Дури по завршувањето на комплетната периодизација, која ќе трае до април, ќе се знае и составот на репрезентацијата на Македонија за претстојното Европско првенство во мај, кое ќе се одржи во Монпеље, Франција“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО