Макпетрол најдобар во генералниот пласман на Државното првенство (ФОТО)

Макпетрол е најуспешна екипа во генерален пласман на Државното карате првенство за сениори со вкупно освоени 12 медали – 5 златни, 5 сребрени и 2 бронзени, кое се одржа вчера во Скопје на Факултетот за физичка култура.

Успехот е базиран на доминацијата во женска конкуренција во борби (кумите), каде што освоија пет златни медали. Во финалето во екипна конкуренција борби Макпетрол ја совладаа екипата на Металург. Металурзите на крајот од првенството завршија како второрангирана екипа во генерален пласман, но беа доминантни во машка конкуренција. Ривалитетот помеѓу клубовите МАкпетрол и Металург, трае веќе две децении.

Во поединечна конкуренција државни шампионки и медалисти од Макпетрол станаа:
1. Сара Радичевска категорија – 50 кг златен медал
2. Симона Заборска категорија – 55 кг златен медал
3. Наташа Стефановска категорија – 61 кг златен медал
4. Моника Стефановска категорија – 68 кг златен медал
5. Екипно жени борби златен медал (Заборска, Радичевска, сестрите Стефановска Наташа и Моника)
6. Петар Заборски – 75 кг сребрен медал
7. Моника Пендаровска – 55 кг сребрен медал
8. Анѓела Мојсовска – 68 кг сребрен медал
9. Селена Таушанова + 68 кг сребрен медал
10 Екипно борби мажи сребрен медал (Заборски, Павлов,Османи,Белокоски,Стојмановиќ,и Јовевски)
11.Сандра ЈАнева – 50 кг бронзен медал
12.Анамарија Несторовска – 61 кг бронзен медал

„Можеме во целост да бидеме задоволни од постигнатиот резултат. Не дозволивме никакви изненадувања во женскиот дел во борби. Имаме комплетна доминација во женското македонско карате. Покрај првите места кои ги освоивме во четири од вкупно пет тежински категории, сега и второпласираните каратистки во три тежински категории се од нашиот клуб. Овој податок зборува дека следните години ние ќе инвестираме повеќе во девојките. Сите тие се стандардни репрезентативки и европски медалистки и очекуваме некои од нив да се најдат и на повисоки места на ранг листите од Светската карате федерација, за учество на Олимпијадата во Токио 2020 година. Проценката која ја имавме на почетокот на првенството во целост се оствари. Единствено во категоријата – 75 кг , во натпреварот помеѓу Петар Заборски и Азиз Исмаил мислиме дека беа досудени два поени кои не постоеја. Тие судиски одлуки го променија резултатот, така што, иако Петар поведе со 1-0, на крајот резултатот заврши 2-3“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Првенството имаше критериумски карактер за избор на сениорската карате репрезентација на Македонија, која треба да настапи на Европското првенство во Турција во мај. Сега останува учество на Балканското првенство во Србија и настап на Карате 1Премиер лигата во Ротердам, Холандија. По овие натпревари кои ќе завршат комплетно во март, ќе се знае и точно кои каратисти ќе заминат на Европското првенство за сениори во Турција.
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО