Регионална бокс лига: Грбев – оштетни сме; гостите – борба за титулата; Реџеповски меѓу гостите; минута молчење (ФОТО)

На боксерската средба од Регионалната бокс лига меѓу во Штип Пинк Пантер и Војводина/Спартак присуствуваа и многу познати лица од светот на боксот. Но на почетокот со едноминутно молчење и беше одадена почит на починатите на Мирослав Петровиќ, кој беше тренер на Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Мате Парлов, како и на Александар Апостоловски, поранешен боксер, кој деновиве почина на брод во странство, каде се наоѓаше на времена работа.

Меѓу посетителите беше и бронзеното момче од ЛОИ во Лос Енџелес, Реџеп Реџеповски, како и Џемаил Демиров, кој беше државен првак на СФРЈ во 1985 година, кога екипата на Младост од Штип се натпреваруваше во Втората боксерска лига на СФРЈ и го освои 4 место на табелата. Многу штипски боксери заминаа во други клубови во СФРЈ, меѓу нив и Џемаил Демиров, кој боксуваше за Тимок од Заечар и во други екипи. Дојде со својата инвалидска количка да ги следи борбите.
„Се беше на највисоко ниво. Македонија има добра подлога да состави добра репрезентација. Само овие момчиња треба да се поддржат“, изјави Реџеп Реџеповски. Со Реџеповски беше и познатиот кумановски боксерски работник Светислав Стојановски – Лав.


„Се присетив на првите години во осумдесетите години во минатиот век, кога Штип „живееше “ за благородната вештина. Имам достојни заменици. Овие момчиња треба да се стимулираат..имаат убава перспектива.

По средбата, раководството на домашните сметаше дека се оштетени од судиските одлуки во две борби.

„Во категориите до 64 и 69 илограми нашите боксери Мауремовски и Алексов требаше да победат. Сепак, задоволен сум од квалитетот и прикажаниот бокс. Секој почеток е тежок“, изјави тренерот на Пинк Пантер, Ристе Грбев.


Сите гостински боксери и раководството го изразија своето задоволсто од приемот во Штип и односот на публиката. Ветија дека со иста мерка ќе се реваншираат кога штипјани ќе бидат нивни гости.

Гостинскиот тренер изјави дека е задоволен од настапот и дека оваа победа во гости ќе ги вклучи во борбата за првото место во регионалната лига.

Ipon.mk/В.Д. – К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО