Македонските каратисти: Сонот за олимписки медал ќе го исполниме!

Emil na piedestal na EI so znameto

Откако Организациониот комитет зa Олимписките игри во 2020 во Токио (TOCOG) му предложи на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да го вклучи КАРАТЕТО како дополнителен спорт за овие Олимписки игри се кренаа надежите на сите каратисти во светот. Предлогот вклучува поединечни категории во кати (машки и женски) и поединечни категории во  кумите (3 машки и 3 женски категории).

karate-proposed-by-tokyo-2020-781

ОK на ОИ во Токио, во 2020 година го стесни кругот на спортови кандидати за вклучување во олимписката програма, оставајќи го каратето во конкуренција со бејзбол, софтбол, сурфање, скејтбординг и спортско качување во конкуренција за нови олимписки спортови на сметка на куглање и вушу, кои отпаднаа од понатамошниот избор.

Последноит збор ќе го има Меѓународниот олимписки комитет , кој треба да ја дефинира бројката од 129 дисциплини, а одлуката ќе биде донесена пред отворањето на ОИ во Рио, идното лето. По обичај се прифаќаат предлозите на организаторот, бидејќио во конкуренција останаа и каратето и бејзболот, кои се многу популарни во Јапонија, повеќе од сигурно е дека овие два спорта ќе бидат на ОИ 2020 во Токио.

Исто така и нашите каратисти ја пречекаа оваа вест со возбуда.

 Emil vo pobednicka poza od EI

Емил Павлов -Штип

„Приемот на каратето на ОИ 2020 за мене значи остварување на мојот најголем спортски сон.мислам дека тоа е сон на секој каратист не само на мене,уште од мал кога ги гледав олимпијадите посакував еден ден и јас да бидам дел од ова најголемо спортско остварување како што е Олимпијадата.. Со приемот на ОИ2020 и каратето ќе биде рамноправен спорт со сите други спортови,бидејќи каратето го задлужува тоа…па и после подолго време и Македонија да се радува на олимписки медал“!

martin na piedestasl so znmeto na EI

Мартин Несторовски-Металург

„Приемот на каратето во олимпиското семејство за мене значи остварување на сонот, а за Македонија ова значи надеж за уште еден олимписки медал“.

Natsa Stefanovska

Наташа Стефановска-Макпетрол

„Доколку се потврди влезот на каратето како дополнителен спорт на ОИ воТокио 2020, за мене, како Европски медалист а и за сите останати каратисти, би значело потврда на сите наши досегашни и идни достигнувања, како и изедначување на вредноста на каратето со сегашните Олимписки спортови. И докажување на еднаквоста во вложувањето, вежбањето  во каратето, кое досега било омаловажено врз основа на фактот што не бил олимписки спорт. И би значело многу за сите каратисти, а каратето би станало уште попопуларен спорт“.

BP 1 den Berat Jakkupi

Берат Јакупи-Асиарт

„Добрата вест дека каратето ќе стане дел од фамилијата на олимписките спортови. На нас каратистите, ни е од големо значење. Секој спортист, исто така и јас, посакува олимписки медал. Се отвараат нови преспективи за нас каратистите. За мене лично, ОИ 2020 во Токио се предизвик, стимул за во иднина уште повеќе да се трудам, понапорно да тренирам, за да ја постигнам нормата за учество на ОИ. Веќе од денес и во иднина мојот фокус е тренинг, тренинг и само тренинг. Со надеж дека еден ден сонот ќе стане јаве“.

todor risteski

Тодор Ристески- Спорт 94

„Пред се заслужена рамноправност со останатите спортисти од олимписките спортови,како индивидуа мотив повеќе и желба за тренинг знаејќи што значи да се биде дел од олимпиското семејство“.

Veki na piedestal

Вероника Костовска-Кеикс

„За мене и за многу други каратисти влезот на каратето во семејството на олимписки спортови е долго очекуван момент, што го слават многу каратисти во светот. Ако се земе во предвид масовноста, системот на натпревари, долгата традиција, олимпискиот настап ќе биде уште една потврда за квалитетот на карате спортот. За мене, лично, пред се, е голема шанса и можност да се изборам за олимписка норма, а потоа и да освојам медал за Македонија. Останува се на мојот тим, планирано и со правилен тренажен процес да се движиме кон олимпискиот сон на секој спортист“.

Zarko Arsovski

Жарко Арсовски –Макпетрол

„Значи, иако годините си одат, нема да се предадам и ќе дадам се од себе за да учествувам на Олимписките игри во 2020. И не само да учествувам, туку и ќе одам на резултат односно на медал“.

Simon vo akcija

Симон Антиќ – Макпетрол

„Олимпијада .Врв за секој спортист ,најпосакувана и најпрестижна спортска манифестација. Каратете спортот кој сега влезе како олимписки спорт нас каратистите не само што ке не мотивира туку и ке не обврзе во иднина да бидеме уште по успешни .Во Македонија со години се работи во овој спорт,не има многу ,квалитетни каратисти тренери веке докажани на европските и светските првенства,премиер лигите и сите останати турнири кои се одржуваат со години.Ако досега мотивот беше европски или светски медал сега олипијада ке биде сон за секој од нас.До 2020 кога за прв пат ке се учевствува на олимпијада јас ке имам окулу 27 години .До тогаш има добри 5 години за подготовки .Реални се можностите македонец да биде носител на олимписки златен медал во карате спортот“.

Simona-Zaborska-najdobra-sportistka-na-turnirot

Симона Заборска-Макпетрол

„Како и сите други каратисти, кои со радост ја примија веста за влегувањето на каратето во фамилијата на олимписките спортови, така и јас со големо задоволство ја примив оваа вест. Секако дека мојот сон е да учествувам на овие Олимписки игри, но и да освојам олимписки медал, кој ќе биде голема сатисфакција за мене, како врвен и успешен спортист. Ценам дека олимпискиот медал е круна на врвните достигнувања на секој спортист“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО