Македонските карате репрезентативци на тридневни подготовки во Бар

Македонските карате репрезентативци се на тридневни подготовки во Бар, Црна Гора.

Карате федерацијата на. Македонија соопшти каратистите се на заеднички подготовки во Бар – Црна Гора, од 14-16 овој месец, за Европското првенство за сениори во Гвадалахара – Шпанија, од 25 до 27 март.

Целта на подготовките се двете сениорски репрезентации, заедно со селекторите, да разменат искуства и да се обидат да направат голем успех за своите земји.

„Натпреварувачите има да сменат повеќе тренинг партнери и да си ги пробаат своите техники и тактики пред самото првенство. На нашите претставници во борби и во кати да им посакаме среќа, голем успех и со медал да се вратат од Европското првенство за сениори“, пишува на Фејсбук страницата на КФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО