Волкановски и Миочиќ се враќа во кафезот на спектаклот на 8 јули во Лас Вегас

Александар Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло, на 8 јули на УФЦ 290 во Лас Веагс ќе се врати во октагонот за борба со Јаир Родригез, за титулите во перолесна категорија.

Тоа го соопшти на УФЦ, Дана Вајт. Главната битка за таа гала-вечер веројатно ќе биде дуелот на Џон Џонс и Стипе Миочиќ во тешка категорија.

Волкановски неодамна загуби од Ислам Махачев во битка за титулата во лесна категорија, а „Александар Велики“ во кариерата нема пораз во перо категорија. Двата порази му се во лесна и полусредна категорија.

Родригез во кариерата има два пораза, од Френки Едгар и Макс Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО