Промоторот на Усик сè уште мисли дека борбата со Фјури е малку веројатна: Крајниот рок е оваа недела

Промоторот на Усик Александар Красјук се уште се сомнева за договорот за меч што би ги обединил шампионските појаси во тешка категорија.

Борбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик беше најавена за 29 април на Вембли, но Красјук смета дека Британецот сака да го одложи датумот на мечот или дури да се откаже од борбата.

Откако Усик прифати поделба на хонорарот од 70-30 во корист на Фјури, многу навивачи беа уверени дека двете страни брзо ќе се договорат.

Но, ништо повеќе од тоа не се случи. Само Фјури излезе со друг услов, а тоа е да ја тргне од договорот клаузулата за реванш.

„Не сум премногу убеден дека наскоро ќе имаме меч. Рокот е оваа недела, а веќе требаше да го добиеме предлогот за договор. Ќе биде потребно извесно време да се помине низ него и да се види што има внатре. Не знам. Оваа недела е дефинитивно крајниот рок за сите нас“, рече Александар Красјук и додаде:

„Но, добро е што и двајцата борци тврдат дека ја сакаат таа борба. Знам дека Усик тоа го сака 500 проценти. Тој не го бара Тајсон Фјури, туку појасот на ВБЦ“, оној што сака да го додаде во својата колекција.

Красјук уште еднаш повтори дека се сомнева во искреноста на Фјури и дека воопшто не ја сака борбата.

„Впечаток е дека не сака да се бори. Го избегнува мечот. До вчера не тренираше, а до мечот има само пет недели“, истакна Александар Красјук и подвлече:

„Иако тврди дека тоа му е доволно, како може шампионот да се подготви за толку голем меч во тешка категорија за само пет недели? Го изгуби чувството за блефирање. Не звучи реално. Нема тренер, нема спаринг партнер, има инфраструктура во тренинг кампот, што е навистина комплицирано да се направи. Тешко дека ќе имаме борба во најавениот термин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО